Направете вкусни запечени макарони со сос.
Состојки:
- 1 пакување макарони
- 500 гр. мелено месо
- 400 гр. шампињони
- 1 кромид
- сол, вегета, бибер и масло
- 900 гр. шпагети сос
- 200 гр. моцарела
Подготовка:
- Се загрева рерна на 200 степени.
- Се варат тестенини во солена вода, па се цедат.
- Се пржи сечен кромид на масло и се става месото со зачини.
- Се додаваат и сечените шампињони, и кога се ќе се испржи се става шпагети сос.
- Се ставаат макароните во смесата и се меша, се се ставаат во тепсија со путер.
- Се става рендана моцарела и се печат додека се растопи моцарелата целосно.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брза похована даска кога ќе се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус