Запечен спанаќ со ориз за ручек

Запечен спанаќ со ориз за ручек

Вкусен рецепт за спанаќ со ориз.

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 80 гр кромид
  • 160 гр ориз
  • 80 мл масло
  • 20 гр доматно пире
  • 200 гр кисело млеко
  • малку магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло да омекне. Додајте исчистен, измиен и на резанки исечкан спанаќ. Малку пропржете, па додајте ориз, доматно пире, магдонос, бибер, сол.

     

  2. Добро измешајте па налијте врела вода и ставете во огноотпорен сад. Ставете во загреана рерна и печете околу 20 минути додека оризот не омекне и не набабри. Послужете со кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text