Пилешко во кремаст сос од кромид и вино

Пилешко во кремаст сос од кромид и вино

Вкусен ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 50 гр путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 600 гр пилешки гради
  • 3 главици кромид
  • 1 лажичка лута пипер
  • 1 лажица сенф
  • 50 мл бело вино
  • 50 мл вода
  • 1 месна коцка
  • 2-3 лажици кисела павлака Пекабела
  • морска сол
  • свежо мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на крупно, а месото на ленти. На загреана маст на средно силен оган пржете го месото и кромидот до златно кафеава боја околу 10 минути. Измешајте лута пипер, иситнета месна коцка, додајте сенф, вино, вода, посолете, побиберете и пржете 3-4 минути. Тргнете од оган и измешајте кисела павлака.
  2. Послужете со ориз и салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text