Динстана зелка со мелено месо

Динстана зелка со мелено месо

Вкусно и хранливо јадење…

Состојки:

  • 1 мала главица зелка
  • 300-400 гр мелено месо
  • 2 моркови
  • 1 пиперка
  • 1 компир
  • 150 гр сушен колбас
  • 1 главица кромид
  • 1 домат
  • 4-5 чешниња лук
  • листови магдонос
  • мелена пиперка
  • лута пипер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан кромид на крупно и пиперка, додајте морков исечкан на кругови, па колбас, пиперка, мелено месо и лук.

     

  2. Динстајте со минимум вода. Додајте зелка исечкана на коцки и динстајте без додавање вода на тивок оган.Пред крај додајте ги останатите зачини и домат. Динстајте додека не испари течноста.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text