Дополнете го вкусниот ручек со необична салата…
Состојки:
- 1 голема црвена пиперка
- 1 голема жолта пиперка
- 150 гр црн грав од конзерва
- 1 главица кромид
- сок од 1 лимета
- 2 лажици маслиново масло
- 1/4 лажичка лута пипер
- 1/2 лажичка кумин
- 1/4 лажичка сол
- магдонос
Начин на подготовка:
- Лиметата добро измијте ја, изрендајте ја и исцедете го сокот.
- Пиперките исечкајте ги на ленти, измешајте ги со измиен грав, кромид исечкан на кругови, кумин, лута пипер, кора од лимета, сол и маслиново масло.
- Добро измешајте и прелијте со сок од лимета, на крај додајте магдонос и изладете пред сервирање.
Добар апетит!