Брз колач со јаболка, чоколадо и гриз

Брз колач со јаболка, чоколадо и гриз

Неодолив колач од јаболка и чоколадо.

Состојки:

  • 4-5 јаболка
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр ореви
  • 3 јајца
  • 2 лажици гриз
  • 2 лажици брашно
  • малку цимет
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 мл јогурт
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Обложете плех со хартија за печење. Јаболката излупете ги и издлабете ги во средина. Мелените ореви измешајте ги со 2 лажици шеќер и наполнете ги вдлабнатините во јаболката. Ставете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

     

  2. Разматете јајца со шеќер, додајте 50 мл масло, какао, јогурт, гриз и брашно со прашок за печиво. Јаболката посипете ги со малку цимет, па ставете слој тесто, преку него остатокот од ореви, па остатокот од тестото.

     

  3. Ставете во рерна и печете уште 30 минути. Изладениот колач превртете го на тацна и прелијте со глазура од 100 гр чоколадо и 2 лажици масло.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text