Брауни полно чоколадо и суво грозје

Брауни полно чоколадо и суво грозје

Направете брауни колач полн суво овошје за сите сетила.

Состојки:

  • 150 гр. брашно
  • 200 гр. путер
  • 4 јајца
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 1 ванилин шеќер
  • ½ прашок за пециво
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. суво грозје

Подготовка:

  1. Се матат белките.
  2. Се матат одделно жолчки со шеќер и ванилин шеќер, се додава растопен путер со растопено чоколадо, брашно и прашок за пециво, суво грозје и белките на крај.
  3. Се меша со миксер на најмала брзина.
  4. Се пече на 180 степени 45 минути во помала тепсија.

 

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша

 

singlepost_text