Тиквици полнети со сланина, ориз и кикирики

Тиквици полнети со сланина, ориз и кикирики

Ако сте љубители на тиквици, задолжително пробајте го овој рецепт!

Состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 2,5 шолји вода
  • 50 гр суво грозје
  • сол
  • 2 тиквици
  • 1 главица кромид
  • 50 гр кикирики
  • 1 лажичка лук во прав
  • 60 гр кашкавал
  • 50 гр сланина

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете ориз, вода, суво грозје и малку сол. Гответе поклопено 25-30 минути. Расечете тиквици по должина и извадете го „месото“од средина. Посолете го и оставете го да се исцеди водата.

     

  2. Тиквиците ставете ги во намастен плех, па издинстајте кромид, додајте исцедено месо од тиквици, мелени кикирики, лук во прав, ориз. Полнете ги тиквиците со подготвената смеса. Печете во рерна 30 минути на 200 степени. Потоа извадете ги тиквиците и ставете преку кашкавал и сланина. Печете уште 15 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text