Освежувачки и сочен колач…
Состојки:
- 1 чаша брашно
- 125 гр путер
- 3 жолчки
- 2 лажици кристал шеќер
- прстофат сол
- сливи
- 2 кесички ванилин шеќер
- листови бадем
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Разматете путер, жолчки, шеќер, ванилин шеќер и прстофат сол. Додајте брашно и соединете го тестото. Развлечете на калап за тарт.
- Исечкајте сливи во облик на полумесечини и редете во круг, како на видеото. Сливите посипете ги со ванилин шеќер и печете на 200 степени 20-25 минути. По желба посипете со шеќер во прав и листови бадем.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“: