Бурек кој ќе го обожавате!
Состојки:
- 500 гр готови кори
- 300 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- бибер
- сол
- 200 мл кисела вода измешана со 80 мл масло
Начин на подготовка:
- Пропржете кромид на масло додека не добие златна боја, додајте месо, посолете и побиберете и запржете.
- Тепсијата намастете ја, па ставете две кори, и почнете со редење кори, ставете фил, пропрскајте ја кората со вода и масло. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Печете на 180 степени 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“: