Вкусен пандишпан кој ќе ве освои со аромата која ќе ја рашири од рерна.
Состојки:
- 7 јајца
- 1 шолја шеќер
- 180 гр. брашно
- 1 маргарин
- 1 ванила
Подготовка:
- Се матат шеќерот и јајцата на пареа заедно со ванилин шеќер.
- Се тргаат од пареата и се меша без престан додека се лади.
- Се става растопен маргарин но оладен, брашно и се меша.
- Се става во плех со хартија на 200 степени и се пече додека порумени убаво.
Добар апетит!