Освежувачки сладолед од лубеница…
Состојки:
- 1/2 мала лубеница
- неколку гранчиња нане
Начин на подготовка:
- Одвојте го месото лубеница од кората и исечкајте го на парчиња, па ставете во блендер. Искинете листови нане, додајте ги во блендерот па миксајте додека не добиете глатка смеса.
- Ако е премногу густа, додајте малку вода, па смесата ставете ја во калапи за сладолед и добро изладете во замрзнувач.
Уживајте!