Торта од чоколадо и бисквити – недолива

Торта од чоколадо и бисквити – недолива

Одлична комбинација – бисквити и чоколадо.

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 3 кесички пудинг од чоколадо
  • 125 гр путер/маргарин
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколаден шлаг крем
  • 200 мл млеко
  • 1 кесичка чоколадни трошки

Начин на подготовка:

  1. Пудингот разматете го во 200 мл млеко, добро измешајте, да не останат грутки.

     

  2. Во 800 мл млеко ставете шеќер и загрејте (но не да зоврие). Ставете пудинг и на умерена температура мешајте да згусне. Тргнете од рингла, додајте путер/маргарин и измешајте да се растопи и соедини.

     

  3. На тацна ставете обрач (26 см) и наредете ред мелени бисквити. Бисквитите може да се потопат малку во млеко или чоколадно млеко, но и не мора. Преку бисквитите ставете пудинг (половина од вкупната количина) па наредете уште ред мелени бисквити. Завршете со останатиот пудинг.

     

  4. Ставете на ладно да се излади и стегне. Тргнете го обрачот.

     

  5. Разматете чоколаден шлаг крем со млеко и украсете ја тортата. Вратете на кратко во фрижидер. Исечете и послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко