Ова јадење се прави за миг!
Состојки:
- 200 гр тестенини
- 200 гр колбаси
- 50 гр сланина
- 1/2 главица млада зелка
- 1 веза млад кромид
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Згответе тестенини. Колбасот и сланината исечкајте ги на коцки, па пропржете ги. Додајте сечкан кромид па кога ќе се пропржи додајте зелка исечкана на резанки и пропржете. Додајте сол и биебр и измешајте со зготвени тестенини.
Добар апетит!