Брз ролат со џем и ореви

Брз ролат со џем и ореви

Брз и неодолив ролат…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 1 шолја џем по избор
  • 1 мала шолја мелени ореви
  • 2 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките и жолчките. Во жолчките додајте две лажици шеќер и матете додека не побелат.

     

  2. Белките разматете ги во цврст снег со останатите три лажици шеќер. Внимателно соединете ги двете смеси, мешајќи од долу нагоре, за белките да останат цврсти. Лесно мешајќи, постепено додавајте брашно.

     

  3. Добиеното тесто рамномерно ставете го во плех обложен со хартија за печење. Печете во рерна на 220 степени 25-30 минути. Печената кора извадете ја, оставете малку да се излади, намачкајте со џем измешан со ореви и свиткајте во ролат. Посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text