Вкусни погачици со сланина и сирење

Вкусни погачици со сланина и сирење

Брзи и вкусни…

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 250 гр маргарин
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 150-200 гр свежо кравјо сирење
  • 1 јајце
  • сланина Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Измешајте прашок за печиво, брашно и лажичка сол. Издробете 200 гр маргарин и додајте сирење. Сѐ измешајте во глатко тесто. Замотајте го во фолија и оставете го во фрижидер на два часа.

     

  2. Растегнете го тестото на од прилика половина сантиметар дебелина. Со чаша вадете погачици. Чашата ставајте ја на брашно секој пат пред вадење нова погачица.

     

  3. Со останатиот маргарин намастете ги калапите во плехот (не ставајте многу бидејќи и сланината ќе пушти маснотија). Ставете листови сланина во плехот околу секоја дупка, а во средина спуштајте погачици. Премачкајте ги со јајце и печете 12-15 минути на 220 степени додека не добијат убава златна боја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text