Брза пита: Гибаница со сирење

Брза пита: Гибаница со сирење

Еве како најдобро да подготвите пита гибаница од готови кори.

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 200 гр сирење
  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Издробете сирење, додајте јогурт, млеко, павлака, масло, прашок за печиво и разматени јајца. Сѐ добро изедначете. Плехот 30х20 добро намастете го.

     

  2. На дното ставете кора и добро притиснете ги рабовите на плехот. Другата кора раширете ја и згужвајте ја, па потопете во фил и ставете на дното.

     

  3. Редете една до друга, па повторно од горе уште еден ред. Покријте со кора и изгужвајте. Ако остане малку фил пропрскајте ја последната кора и пропрскајте ја со малку масло.

     

  4. Печете на 200 степени околу 50 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text