Капучино сладолед торта: Разладете се со стил

Капучино сладолед торта: Разладете се со стил

Совршен летен десерт…

Состојки за подлога:

  • 250 гр мелени бисквити
  • 1 лажица какао
  • 80 гр растопен путер

Состојки за фил:

  • 2 лажичи капучино
  • 200 гр крем сирење
  • 5 лажици кристал шеќер
  • 250 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Соединете бисквити, какао и путер во компактна смеса. Наредете на дно од калап.

     

  2. Филот подгответе го така што прво ќе направите капучино и ќе додадете лажичка инстант кафе. Измиксајте крем сирење и шеќер, додајте зготвено кафе, соединте. Во посебен сад ставете слатка павлака и измиксајте. Соединете со првиот фил.

     

  3. Ставете го филот преку подлогата. Оставете да се лади, декорирајте по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко