Меко печиво идеално да го започнете денот.
Состојки:
- 2 домати
- 2 јајца
- 250 гр брашно
- 2 лажици шеќер
- 10 гр свеж квасец
- жолчка
Начин на подготовка:
- Доматите најлијте ги со врела вода, а потоа излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Додајте јајца и измиксајте во блендер. Измешајте со брашно, шеќер и квасец и замесете тесто. Оставете да отстои 1 час. Премесете го тестото и развлечете во облик на правоаголник. Исечкајте на парчиња. Секое парче развлечете го малку и потоа од двете развлечени парчиња правете плетенки. Премачкајте со жолчка. Печете на 170 степени 25 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: