Уштипци со банани: Сочни, мирисни, неодоливи

Уштипци со банани: Сочни, мирисни, неодоливи

Овој рецепт ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 3 зрели банани
  • 2 јајца, одвоени белки од жолчки
  • 1 лажичка ванила
  • 1/2 лажичка мускатно оревче
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 шолји брашно
  • 1/4 шолја млеко
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица шеќер
  • прстофат сол
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад ставете банани и изгмечете ги со вилушка, потоа додајте жолчки и измешајте. Додајте зачини и шеќер па заедно ставете млеко и брашно, добро разматете па додајте и разматени белки, но полека.

     

  2. Во голема тава ставете масло и ставете на шпорет да загрее. Во загреаното масло со лажица ставајте уштипци и пржете ги од двете страни додека не попримат златна боја. Печените уштипци вадете ги на хартија и пред послужување посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта