Посен колач сличен на бајадера – готов за 10 минути

Посен колач сличен на бајадера – готов за 10 минути

Доколку сакате да се засладите, а немате многу време за подготовка на десерти, ова е рецепт за вас.

Состојки:

  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр посни мелени бисквити
  • 100 гр издобени бисквити
  • 100 гр посен маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр шеќер
  • 130 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте вода и шеќер и зовријте, додајте маргарин и чоколадо. Мешајте да се изедначи и растопи. Тргнете од шпорет и додајте мелени ореви и бисквити па добро изедначете.

     

  2. Обложете плех со хартија за печење и ставете ја смесата, израмнете, оставете да се излади и стегне 2-3 часа во фрижидер. Превртете го плехот, отстранете ја хартијата и сечете на саканата големина.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта