Мусака од компири на француски начин: Јадење кое едноставно се подготвува

Мусака од компири на француски начин: Јадење кое едноставно се подготвува

Француско јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 3 варени јајца
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 4 чешниња лук
  • кашкавал
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Тепсијата премачкајте ја обилно со масло. Компирите исечкајте ги на листови, посолете и побиберете и додајте малку масло. Измешајте.

     

  2. Наредете на дното половина од компирите, исечкајте јајца на кругови, наредете и посолете. Од горе наредете ги останатите компири.

     

  3. Во чинија скршете јајце, додајте јогурт, 30 мл масло и млеко па добро измешајте. Прелијте ги компирите и од горе изрендајте кашкавал. Печете на 210 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text