Крцкава ужина: Стапчиња со сусам и ким (Видео)

Крцкава ужина: Стапчиња со сусам и ким (Видео)

Одличен рецепт за домашни гризини.

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 10 гр свеж квасец
  • 1 жолчка
  • брашно
  • 2 лажици масло
  • сусам
  • ким
  • крупна сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 100 мл вода + 1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во малку млака вода, па додајте шеќер. Во млекото додајте растворен квасец, масло, брашно, жолчка и сол. Замесете глатко тесто (средно тврдо) и оставете да одмори 20 минути. Растегнете го на маса и исечкајте го на тенки ленти со ширина од 1 см.

     

  2. На послужавник измешајте црн и бел сусам, крупна сол и ким. Секое стапче провлечете го низ вода во која сте додале лажичка шеќер, па извалкајте во подготвениот сусам. Редете во плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Печете на 220 степени околу 15-20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text