Омлетот е еден од најчестите појадоци, а ние ви нудиме рецепт со компир и сланина.
Состојки:
- 100 гр сланина
- 1 компир
- 4 јајца
- 1 лажица путер
- 1 лажица маслиново масло
- млеко, сол и бибер
Подготовка:
- Во тава ставете го путерот и на него пропржете ја сланината која претходно ќе ја исечете на коцки.
- Извадете ја од тавата и оставете ја сланината во сад настрана, а во истата тава пржете го компирот околу 10 минути, откако и него ќе го исечете на коцки, па и него извадете го и оставете го со сланината.
- Изматете јајца со сол и бибер, малку млеко и ставете ги во тава со масло, а потоа додајте ги и сланината и компирот.
- Ставете ја тавата во рерна и печете на 180 степени 10 минути.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брза похована даска кога ќе се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус