Брз, евтин и сочен: Колач со чоколадно млеко

Брз, евтин и сочен: Колач со чоколадно млеко

Мек колач како пена…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1/2 чаша гриз
  • 1/2 чаша чоколадно млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша мелени ореви
  • 1/2 чаша брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 гр шеќер (за сируп) + 50 мл вода
  • 1 парче лимон
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 1-2 лажица шеќер, додајте гриз, брашно, чоколадно млеко, брашно со прашок за печиво, мелени ореви, масло и добро изедначете.

     

  2. Ставете во намастен плех и печете на 200 степени 40 минути. Пред крајот од печењето ставете го сирупот да се готви.

     

  3. Во тенџере ставете шеќер и малку вода, додајте ванилин шеќер и малку лимон. Оставете да врие околу 2-3 минути. Врелиот колач исечете го на коцки па прелијте со изладениот сируп.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text