Направете вкусна пенаста пита мека и брза.
Состојки:
- 1 јајце
- 1 шолја кисело млеко
- 1 лажиче сода
- 1 лажиче оцет
- 1 лажиче сол
- 0,5 шолји масло
- брашно за меко тесто
- 250 гр. сирење
- 0,5 шолји масло за горе и 1 јајце
Подготовка:
- Се меша јајце со кисело млеко и се става сода, па оцет и масло со сол и се заедно се меша.
- Се додава на крај брашно колку да се направи меки тесто.
- Се дели на неколку еднакви топки и се оставаат 10 минути.
- Се става во плех со масло првата топка развлечена во кора, па ронето сирење и лажица масло.
- Така правиме со сите 5 топки кои сме ги извадиле од тестото.
- Горе се премачкува со јајце последната развлечена топка.
- Се пече на загреана рерна на 180 степени 30 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт