Неодоливи мафини со кокос, ќе ги обожавате!
Состојки:
- 1 јајце, благо разматено
- 1/2 шолја млеко
- 1/4 шолја масло
- 1 лажичка есенција ванила
- 1/2 лажичка сол
- 2 лажички прашок за печиво
- 1/2 шолја шеќер
- 1 шолја кокосово брашно
- 1 1/2 шолја брашно
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
- Јајцето благо разматете го. Додајте млеко, масло и есенција ванила. Сѐ добро измешајте.
- Во смесата со јајцето додајте ги сите суви состојки и добро измешајте.
- Смесата ставете ја во намастен калап за мафини.
- Печете ги мафините во загреана рерна околу 25 минути. Печените колачиња оставете ги да се изладат па вадете ги од калапот и послужете.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи