Готов за миг: Неодолив ролат со банани

Готов за миг: Неодолив ролат со банани

Брз и вкусен десерт…

Состојки:

  • 3 пакувања пишкоти
  • 2 пудинга од карамел
  • 20 гр путер
  • 500 мл млеко
  • 200 мл млеко за пишкотите
  • 3 лажици шеќер за пудингот
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 банани
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Пишкотите потопете ги во млеко и наредете ги на фолија во три реда. Пудингот згответе го и во млекото ставете исечкан путер. Врелиот пудинг ставете го на пишкотите. Во долниот дел наредете банани, па ролатот свиткајте го со помош на фолија.

     

  2. Добро стегнете ја фолијата. Оставете 3 часа во фрижидер. Слатакта павлака разматете ја па ставете на ролатот и убаво премачкајте. Од горе можете да украсите со рендано чоколадо. Изладете 3-4 часа, најдобор преку ноќ.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text