Сочни кременадли со сланина и компири

Сочни кременадли со сланина и компири

Вкусен ручек, брза подготовка…

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 50 гр суви сливи
  • 400 гр печурки
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • 4 свински кременадли
  • 1 лажица маст
  • сол
  • бибер
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги компирите со средна големина, исечкајте ги на половини, посолете па ставете во намастен плех со маст.

     

  2. Исчистете ги печурките, ставете зачин и малку бибер, па измешајте ги со компирите. Потоа додајте суви сливи и сланина исечкана на крупни делови. Преку наредете кременадли, посипете со билни зачини, ставете 100 мл вода и ставате да се пече на 200 степени.

     

  3. Послужете со салата по избор.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт