Полнети солени писма: Брзо тесто за секој ден

Полнети солени писма: Брзо тесто за секој ден

За доручек, ужина или вечера…

Состојки:

  • 20 гр квасец
  • 200 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 450-500 гр брашно
  • 200 гр сирење за фил
  • 1 јајце за фил

Начин на подготовка:

  1. Растопете го квасецот во малку вода, додајте лажичка шеќер, па кога ќе надојде додајте млеко, брашно и сол и замесете меко тесто. Оставете покриено да порасне, па развлечете на 1 см дебелина и сечете на квадрати. Издробете го сирењето, додајте јајце и измешајте. Во секој квадрат на средината ставете фил.

     

  2. Спојте ги аглите на средина да добиете облик на писма. Редете во намастен плех и покријте со крпа, па кога ќе нараснат премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам.

     

  3. Печете на 190 степени околу 30-35 минути. Покријте со крпа малку да отстои, па послужете со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text