Ручек за уживање: Фаширани шницли со тиквици

Ручек за уживање: Фаширани шницли со тиквици

Одлична идеја за ручек!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 помала тиквица
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 2 лажици посно сирење
  • 1 лажица презла
  • 3 лажици масло
  • 1 чешне лук
  • на врв на нож мајчина душица и рузмарин
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на коцки, а тиквиците ситно изрендајте ги па измешајте ги со месо, сирење, презла, пасиран лук и зачини.

     

  2. Од смесата обликувајте шницли и пржете ги на врело масло околу 10 минути.

     

  3. Послужете со пире од компири и свежа салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт