Прелиен колач од кокос: Десерт за сите генерации

Прелиен колач од кокос: Десерт за сите генерации

Неодолив прелиен колач од кокос…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 50 гр шеќер
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 100 гр брашно
  • 100 гр кокос
  • 2 лажици гриз
  • 1 прашок за печиво
  • кора од лимон

Состојки за прелив:

  • 200 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, јогурт, масло, кокос, гриз и кора од лимон. Добро изедначете и ставете во намастен плех. Печете на 200 степени околу 40 минути. Печениот колач исечете го на коцки.

     

  2. Во тенџере ставете шеќер и вода и додајте ванилин шеќер и гответе малку за шеќерот да се шпинува. Врелиот колач прелијте го со врел сируп. Оставете да впие. Изладете и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text