Полнето печиво: Само за вистински гурмани

Полнето печиво: Само за вистински гурмани

Уживајте во вкусно почнето печиво…

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 2 пара тенки скараџиски колбаси
  • 4 лажици ајвар
  • 4 лажици рендан кашкавал
  • малку маслинки
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Лиснатото тесто развлечете го за половина см. Колбасите засечете ги со нож по должина и спојте ги со чепкалка.

     

  2. Тестото исечете го во круг за два прсти повеќе отколколку кругот колбас, а потоа тестото превиткајте го во секој засек на колбасот. Во средина ставете ајвар, а преку лажица рендан кашкавал.

     

  3. На кашкавалот ставете 3-4 маслинки во средина. Рабовите од тестото премачкајте ги со жолчка, а колбасите со масло. Печете на 210 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text