Запечено пилешко со јогурт и кашкавал: Ручек за сите вкусови

Запечено пилешко со јогурт и кашкавал: Ручек за сите вкусови

Одличен предлог за ручек!

Состојки:

  • 600 гр пилешко месо
  • 2 домати
  • млад кромид
  • неколку млади компири
  • 150 гр кашкавал
  • 2 чаши јогурт
  • 2 јајца
  • масло
  • сол
  • бибер
  • лута пипер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото зачинете го и на масло пропржете го, потоа наредете го во плех за печење. Преку месото ставете кругови компири, малку зачинете ги и ставете секан кромид. Потоа додајте кругови домат.

     

  2. Разматете јајца и јогурт и прелијте преку, па посипете со кашкавал. Печете на 180 степени 25-30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text