Ако ви здодеа од кифли, мекици и пити: Солени стапчиња со сусам

Ако ви здодеа од кифли, мекици и пити: Солени стапчиња со сусам

Ако ви здодеа од мекици, кифли и пити, ова е супер идеја за појадок или мезе за во текот на денот.

Состојки:

  • 1 маргарин
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 лажица сол
  • 3 шолји брашно
  • сусам за горе

Подготовка:

  1. Се мати маргаринот со едно јајце и една жолчка.
  2. Се става млеко со сол и брашно.
  3. Се става и квасец.
  4. Се меша убаво смесата и се разлекува, се мачка со разматената белка која остана и се става сусам.
  5. Се сечат стапчиња и се печат на 200 степени на загреана рерна додека не поруменат околу 20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text