Брзи пита ролни со сирење, крцкави и вкусни…
Состојки:
- 500 гр кори за пита
- 400-500 гр ситно сирење
Состојки за прелив:
- 1 јајце
- 200 мл млеко
- 100 мл вода
- 70 мл масло
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки за прелив.
- Премачкајте 5 кори со овој прелив, за секој премаз оди по 3-4 лажици прелив.
- Исечете на 4 дела, ставете сирење, замотајте и секоја пита засечете ја. Прелијте со остатокот од преливот и оставете 10 минути на тепсијата.
- Печете на 200 степени додека не порумени, околу 30 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи