Направете деликатесни полнети бабури.
Состојки:
- 1 јајце
- 4 бабури
- сол
- 100 мл. павлака
- 1 модар патлиџан
- бибер
- оригано
- 2 тиквички
- 4 лажици масло
Подготовка:
- Се лупи и сече на коцки модриот домат, се ставаат зачини и се остава да стои половина час пред готвењето.
- Се лупат тиквичките и се рендаат на крупниот дел од рендето.
- Се загрева маслото па се пржи модриот патлиџан.
- Се ставаат и тиквичките и зачини и се пржи кратко заедно.
- Се мијат и чистат бабурите и се сечат по должина, па се премачкува тава со масло и се редат бабурите.
- Се мешаат павлаката со јајце и се премачкуваат бабурите со оваа смеса, па се става од смесата со модар патлиџан и тиквички.
- Се печат на 200 степени околу 25 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи