Направете многу брз колач со јаболки од калап за куглоф.
Состојки:
- 4 јаболки
- 4 јајца
- 2 шолји шеќер
- 2 шолји сеено брашно
- 1 шолја масло
- 2 кесе прашок за пециво
- 1 кесе ванила
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче сода
Подготовка:
- Се лупат и рендаат јаболките и се додава сода со цимет.
- Се мешаат и се оставаат на страна.
- Се матат јајца со миксер, се става шеќер, па масло кога шеќерот ќе се растопи.
- Се става потоа брашното со прашок за пециво и ванила, се ставаат лупени и рендани јаболки исцедени од сеокот и се мати со миксер.
- Се става малку масло во калап за куглоф и се става смесата.
- Се пече на загреана рерна на 180 степени 40 минути без вентилатор, а горе ставете си декорација по избор.
Прочитај и:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти: