Плескавици од мелено месо, компири и фета сирење

Плескавици од мелено месо, компири и фета сирење

Послужете ги со пилав и уживајте!

Состојки:

  • 2 поголеми компири
  • 200-350 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • малку презла
  • 70 гр фета сирење
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 лажичка црвена пипер
  • сув зачин
  • бибер
  • листови магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте варени и изгмечени компири, јајце, кромид, ситно сечкан лук, пипер, сув зачин, малку сол и бибер, магдонос и 3-4 лажици презла. Добро зимешајте.

     

  2. Правете мали плескавици, провлечете ги низ презла и пржете ги во масло од двете страни да поруменат.

     

  3. Вадете со решеткаста лажица на хартиени салфети.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text