Чорба од печурки и компири

Чорба од печурки и компири

Компири и печурки – одлична комбинација за вкусна чорба.

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1/2 кг компири
  • 25 гр путер
  • неколку листови мајоран
  • 1 л бујон
  • 75 гр намаз од свежо сирење со печурки
  • сол
  • крупно мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Печурките исечете ги на листови, а кромидот на коцки. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки.

     

  2. Во лонец загрејте путер па продинстајте кромид. Потоа измешајте печурки и динстајте уште три минути.

     

  3. Додајте коцки компири, долијте бујон (или вода и сув зачин од зеленчук) па на средно силен оган гответе околу 15 минути (компирите да омекнат).

     

  4. Измиксајте ја чорбата со миксер, измешајте намаз од сирење, зачинете со сол и бибер, украсете за послужување со печурки и зачински билки.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text