Топли и вкусни, ќе мириса до соседното маало: Панцероти од рерна

Топли и вкусни, ќе мириса до соседното маало: Панцероти од рерна

Направете вкусни панцероти од рерна. Топол појадок од кој маалото ќе мириса.

Состојки:

  • 1 дл. млака вода
  • 1 дл. млеко
  • 1 дл. јогурт
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 лажици сол
  • 1 кесе квасец
  • 4 лажици масло
  • 2 јајца
  • брашно по потреба
  • фил по избор

Подготовка:

  1. Се меси тесто од сите состојки за тесто и се става брашно за да се замеси (околу 300-400 грама), со рака ќе видите колку е доволно.
  2. Се остава да нарасне.
  3. Се премесува тестото и се земаат топчиња од него, се развлекуваат малку и се става фил(ставете си кечап, шунка и кашкавал, сирење или нешто по избор).
  4. Се замотуваат како панцероти и се ставаат на плех со хартија.
  5. Се печат на 200 степени додека не поруменат убаво.

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

singlepost_text