Погачи со мерки во шолји – Брз појадок, ќе мириса опојно

Погачи со мерки во шолји – Брз појадок, ќе мириса опојно

Направете вкусни погачи за појадок, ужина или вечера, со кисело млеко во смесата.

Состојки:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 шолја вода
  • 1 шолја масло
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 42 гр. квасец
  • 6 шолји брашно

Подготовка:

  1. Се меша кисело млеко со масло и вода, се додава шеќер и малку се загрева смесата.
  2. Се става квасец кога ќе се тргне од оган млаката смеса, се меша да се стопи.
  3. Се става брашно со сол во сад па смесата со квасецот и се меси тесто.
  4. Се остава 30 минути на топло.
  5. Се става хартија на плех за печење, се прават топки од тестото и се редат со растојание.
  6. Се оставаат 10 минути и се премачкуваат со изматено јајце и се става по избор сусам.
  7. Се печат на загреана рерна на 180 степени додека поруменат.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text