Направете совршена чоколадна торта.
Состојки:
- 150 гр. црно чоколадо
- 200 гр. маргарин
- 100 гр. шеќер
- 2 лажици брашно
- 4 јајца
- 1 прстофат сол
- 200 гр. чоколадо
- 400 гр. павлака за готвење
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици рум
Подготовка:
- Се топи чоколадото на пареа, се мати маргарин со шеќерот, се додаваат четири жолчки едно по друго и се става оладеното чоколадо, па постепено брашното.
- Се матат белките со прстофат сол о се додаваат во чоколадото.
- Се става смесата во калап за торта на 180 степени 40 минути.
- Се загрева павлаката на оган и се додаваат парчиња чоколадо, се топи и остава два часа во ладилник.
- Се мати со миксер во крем и се става рум.
- Кората се сече на два дела, се полнат со кремот и се поклопува, па горе се премачкува со останатиот фил.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи