Направете вкусни бисквит колачиња со чоколадо.
Состојки:
- 125 гр. путер
- 1 шолја шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 јајца
- 3 шолји брашно
- 1 лажиче сода
- ½ лажички прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- 50 гр. сечено чоколадо за готвење
Подготовка:
- Се става во длабок сад брашно со сол, сода и прашок за пециво.
- Се меша и остава на страна.
- Во друг сад се мати кремаво путерот со шеќер и ванилин шеќер, се додаваат и јајцата, па се менуваат маталките од оние за миксер, во оние за тесто, се додава брашното постепено, па чоколадото кое треба да е ситно сечено.
- Се прават топчиња од тестото и се редат на хартија за печење во плех, благо се притискаат, а ако сакате ставете чоколадо и од горе по избор.
- Се печат на загреана рерна на 180 степени додека поруменат.
- ВАЖНО: За шеќер треба шолја од 2 дл.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: