Велигденски зајачиња од тесто

Велигденски зајачиња од тесто

Направете вкусни зајачиња од тесто за Велигден.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • ½ лажички сол
  • 250 мл. млеко
  • 100 гр. маст
  • 0,25 дл. масло
  • 1 жолчка
  • 1 дл. јогурт
  • 1,5 лажички шеќер
  • 1 белка за горе

Подготовка:

  1. Се мати квасецот со пола шолја топло млеко и се додава шеќер со лажица брашно, па се остава да се активира.
  2. Се мешаат сите состојки со брашното и квасецот и се замесува тесто кое треба да одмори 30 минути.
  3. Се премесува и се дели на 10 еднакви дела.
  4. Се ставаат во плех со хартија, секое топче се притиска со раката да се направи круг, па се засекуваат ушиња со нож.
  5. Се премачкуваат со белка и се прават очи со суво грозје.
  6. Се печат на загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text