Велигденски леб со суво грозје, кандирано овошје и бадеми

Велигденски леб со суво грозје, кандирано овошје и бадеми

Направете вкусен Велигденски леб.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 1,5 шолји млеко
  • 6 јајца
  • 300 гр. путер
  • 2 шолји шеќер
  • 50 гр. квасец
  • ½ лажички сол
  • 150 гр. суво грозје
  • 100 гр. кандирано овошје
  • 50 гр. сецкани бадеми
  • 3 кеси ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Во топло млеко се раствара квасец, па откако ќе се активира се става во сад со четири шолји брашно, растопен путер, пенасто матени жолчки со шеќер, па матени белки со сол.
  2. Се замесува се убаво да нема грутки и се премачкува со путер од сите страни, па се става во ладилник преку ноќта тестото.
  3. Утредента се премесува со остатокот од брашното, се остава уште половина час, се става потоа внатре суво грозје со кандирано овошје и бадеми сечени.
  4. Се става целото тесто во подмачкан калап со путер и презла, па се остава да порасне над ивиците на садот.
  5. Се премачкува со јајце и се пече на загреана рерна на 200 степени околу еден час со повремено протресување на плехот.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text