Печени макарони од кои домот ќе мириса: Полни шунка, печурки и бешамел

Печени макарони од кои домот ќе мириса: Полни шунка, печурки и бешамел

Ако сте љубител на тестенини, ова е совршен ручек за вас.

Состојки:

  • 500 гр. тестенини
  • 400 гр. шунка
  • 200 гр. шампињони
  • 500 мл. млеко
  • 100 гр. брашно
  • 50 гр. путер
  • 100 гр. кашкавал
  • малку сол

Подготовка:

  1. Се става путер во тавче и се додава брашно кога ќе се стопи, па се меша 2-3 минути.
  2. Се става млекото со мешање постепено, се става сол и рендан кашкавал (може и пармезан).
  3. Се мијат и сечат печурките и се динстаат на малку путер.
  4. Се редат тестенините сварени во вода во тава за печење, се става шунка сечена, па шампињони, и бешамел.
  5. Се печат на 200 степени 10 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

singlepost_text