Медени кифли со мак

Медени кифли со мак

Направете вкусни кифли за појадок или вечера.

Состојки:

  • 2,5 дл. вода
  • 4 лажици шеќер
  • пола коцка квасец
  • 1 лажиче сол
  • 80 мл. масло
  • 500 гр. брашно
  • 50 мл. вода
  • 1 лажиче брашно
  • 50 мл. вода
  • 1 лажица мед и малку мак

Подготовка:

  1. Се става во 2,5 дл. вода која треба да е млака шеќер и квасец.
  2. Се остава 5 минути, па се додава масло сол и брашно.
  3. Се меси тесто и се остава да нарасне.
  4. Се дели на 8 дела тестото и секој се развлекува, па се прави кифла или ролна.
  5. Се ставаат на плех со хартија да отстојат 30 минути, се меша 50 милилитри вода со брашно и се премачкуваат, се става мак горе и се печат на 180 степени на загреана рерна 25 минути.
  6. Се става потоа 50 милилитри вода во сад со мед и се премачкуваат топлите кифли.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

singlepost_text