Проја мафини со павлака

Проја мафини со павлака

Одлични мафини од проја…

Состојки:

  • 200 гр проино брашно
  • 1 чаша гриз
  • 200 гр павлака
  • 3 јајца
  • 100 мл масло
  • 15 гр квасец
  • 1/2 прашок за печиво
  • сол
  • 200 гр сирење
  • топла вода

Начин на подготовка:

  1. Растопете го квасецот во малку вода. Јајцата скршете ги во чинија и разматете ги со жица. Додајте квасец, павлака, масло, гриз, брашно, прашок за печиво, сол и издробено сирење.

     

  2. Замесете ретко тесто со млака вода. Со лажица ставајте во калапите за мафини до врв. Посипете со сусам по желба. Печете на 200 степени околу 40 минути. Сервирајте со сирење, јогурт…

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт