Пита со спанаќ и сирење полна фил

Пита со спанаќ и сирење полна фил

Направете вкусна пита со спанаќ од која нема да остане ни парче за кратко време.

Состојки:

  • 300 гр. готови кори за пита
  • 2 јајца
  • 100 мл. млеко
  • 70 мл. јогурт
  • 3 лажици топена маст
  • 70 мл. кисела вода
  • 200 гр. сирење
  • 1 прстофат прашок за пециво
  • 300 гр. обарен спанаќ и сол

Подготовка:

  1. Се матат јајца со млеко, се става маст и јогурт и кисела вода.
  2. Се става сол и 100 грама ронето сирење со прашок за пециво.
  3. Се меша, а спанаќот се обарува во солена вода и се сече ситно потоа.
  4. Се премачкува со масли тепсија и се става на дното кора, се премачкува со 4-5 лажици фил, па се става од останатото сирење  и спанаќ.
  5. Се става една кора на странае, а останатите се ставаат во филот и се редат, со сирење и спанаќ на нив.
  6. Горе се става кора, па остатокот од филот и се пече на загреана рерна на 220 степени 35 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт